Колевски: Не се знаат детали, но место за залутани во обвинителството ќе нема

Судскиот совет и Советот на ЈО ќе издвојат случаи кои ќе бидат проверени, најавија од Министерството за правда

Се уште нема детали како во практика ќе се одвива најавата на министерот за правда, Бојан Маричиќ, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да работат на мониторинг и анализа на пет проценти на предметите по случаен избор, особено кај оние што има застарување, односно, како што вели, седеле во фиоки.

Првиот човек на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски, за Слободен печат вели дека досега немал средба со новиот министер на оваа тема, посочувајќи дека не знае како конкретно ќе функционира и моделот на прочистување.

– Се уште е рано за став. Не знам како по форма и содржина ќе изгледа моделот за прочистување. Ние во Советот работиме по заклучоци од одржаните седници, а секако во рамки на законските можности разгледуваме што е во нашиот домен, вели Колевски.

Што се однесува до имотната проверка на обвинителите, тој оцени дека одлична е соработката со Антикорупциската комисија.

– Процесот на имотната проверка на обвинителите се одвива нормално. За тој што залутал во Обвинителството и нема морален дигнитет, воопшто ќе нема место во обвинителските органи, заклучи претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо Колевски.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот