Колев: Машкиот ракомет ужива репутација во Европа, на женскиот му фали внимание и инвестиции

Македонскиот ракомет во машка конкуренција ужива добра репутација во Европа, додека во женска конкуренција потребни се повеќе внимание и инвестиции за да напредува, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Марјан Колев, тренер на женскиот тим на Ница во Француската ракометна лига.

-Македонија има неколкукратен европски шампион, така што гледајќи колку земји сакаат да ја освојат Лигата на шампионите, мора да се каже дека имаме квалитет. Вардар, Металург, сега Еурофарм Пелистер, се квалитетни клубови за една мала држава. Можам да кажам дека машкиот ракомет е на добро ниво. За разлика од машкиот, женскиот ракомет има потреба од повеќе внимание и инвестиции, само така ќе стигнеме до поголеми резултати, вели Колев.

Осврнувајќи се на француската и македонската лига, Колев смета дека не можат конкретно да се споредуваат бидејќи во Франција има две професионални лиги.

Ракометниот тренер говореше на неколку теми, меѓу кои и карантинот кој ги остави професионалните клубови да се одржуваат во форма во домашни услови, а не на терен.

-Лично ми дојде супер паузата од толку динамичен период. На почетокот беше релаксирачки, но потоа како времето изминуваше, додека да сфатиме дека ова ќе трае уште подолго, се јави период на криза. Профитиравме како фамилија бидејќи децата не одат на училиште па семејните дружби беа во преден план, раскажа Колев.

Тој сведочи дека спортистките во клубот имале индивидуални програмии биле набљудувани од клубот за да се одржуваат во форма.

Короната, смета тој ќе предизвика проблеми на психолошка база, но Колев е оптимист дека за наредната сезона, која според очекувањата треба да започне некаде околу септември, октомври, ќе има доволно време да се направат сите спортски подготовки.

Досега ниту една од ракометарките на Ница нема заболено од Ковид 19.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот