Колекционерите не жалат пари за сликички на Леброн Џејмс, плаќаат по 2 милиони долари

Леброн Џејмс / фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Сликичка на Панини на која е Леброн Џејмс во три различни дресови, на Кливленд, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс е продадена на аукција за 2,4 милиони долари.

Идентитетот на купувачот на картичката не е познат, а иако цената што ја плати изнесува 2 милиони евра, сепак рекордот не е соборен.


Минатата година, колекционер плати 6,6 милиони долари за сликичка со бејзбол легендата Хонус Вагнер (1874-1955).

Исто така, минатата година беше продадена уште една сликичка со Џејмс за 5,2 милиони долари, од неговата дебитантска сезона.

Џејмс (37) во текот на својата кариера во НБА лигата настапуваше за трите екипи со кои освои четири шампионски титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот