Колебливите платени убијци од Кина: Нарачаното убиство си го префрлале еден на друг, па завршиле во затвор

Фото: Профимедиа

Суд во јужна Кина осуди шест мажи на повеќегодишни затворски кази поради неуспешен обид за убиство, откако човек нарачал убиство на еден бизнисмен, објави британски „Гардијан“.

Според судот во градот Гуангси, есента во 2013 година бизнисменот и трговец со недвижнини Кин Јоухуи ангажирал платен убиец за убиството на друг бизнисмен со презимето Веи, кој претходно го тужел. Но платениот убиец одлучил да задржи половина платените 2 милиони јуани (280.000 долари) кои Кин ги платитл, нудејќи ја другата половина на друг платен убиец.

„Нарачката“ на тој начин била понудена уште три пати, сѐ додека не стинала до петтиот платен убиец Линг Синси, на кого му биле понудени 100.000 јуени (14.000 долари) да го изврши убиството.

Во 2014 година, повеќе од половина година откако првата „нарачка“ за убиството била направена, Линг му оставил порака на бизнисменот кој треабло да го убие за да се сретнат во градот Нанинг. Двајцата се сретнале во еден кафе-бар и Линг му кажал на Веи:

– За само 100.000 јуани, не сакам да те убијам, но мора да соработуваш со мене – рекол петтиот по ред платен убиец кој требало да го ликвидира.

Линг заедно со бизнисменот Веи ја лажирале неговата смрт, со фотографии од него како е врзан и ликвидиран, а пораката била проследена до сите кои претходно го „предавале“ убиството на други платени убијци. Притоа, Линг случајно го оставил телефонот кој го користел со Веи, кој исчезнал на 10-тина дена и потоа се вратил и го пријавил случајот во полицијата.

Судот во Гуангси ги осуди сите шест мажи, Кин кој првично го нарачал убиството и петте ангажирани платени убијци на затворска казна меѓу две години и седум месеци до пет години во затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот