Коларевиќ: Докази за бегство нема, сомнежи има – рочиштето заврши, судот ќе одлучи за притворот на Зекири

Катерина Коларевиќ, обвинител/Фото: Скриншот

-Рочиштето заврши, чекаме судот да одлучи дали ќе се одреди притвор за осомничениот, но очекувам да биде прифатено, изјави вечерва пред Кривичниот суд обвинителката Катерина Коларевиќ откако заврши распитот на осомничениот Мухамед Зекири за кривичната постапка која е поведена против него за злоупотреба на службената положба и овластување.

Запрашана дали има докази за бегство на осомничениот, Коларевиќ рече дека „нема докази, но има сомнежи“.

„Во овој момент, како доказ во формална смисла дека ќе бега, немаме. Сомнеж – да. Тоа се оперативни сознанија, кои се изнесени, а доколку судот ги прифати ќе ви бидат соопштени“, рече Коларевиќ.

Таа не даде информација ниту за тоа дали обвинителството знае каде се парите, сума од околу 57 милиони денари за кои се товари Зекири.

-Истрагата е почната вчера, сето тоа што е обезбедено како документација се од предистражна постапка. Не можам да кажам дали се потрошени или не, како и дали се извадени од државата. Си има Управа за финансиско разузнавање која се обидува да го утврди трагот како се движеле парите. Кога ќе имаме доказ, ќе информираме“, рече Коларевиќ.

Во однос на двајцата хрватски државјани кои исто така се осомничени заедно со Зекири, обвинителката рече дека според оперативните сознанија на МВР тие не се во Македонија, но судот до нив има доставено наредба за приведување и потоа ќе се знае дали се тука или не.

-Ако се наоѓаат на територија на Хрватска или на друга држава овие лица ќе се обезбедат со потерници, рече обвинителката.

Претходно денеска Обвинителството соопшти дека во периодот од април 2021 до јануари 2022, со искористување на својата службена положба генерален секретар на Владата, првоосомничениот без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за консултантската куќа од Хрватска прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 940.000 евра на штета на Буџетот на Македонија.

Распитот на Зекири се’ уште не е почнат, сопругата му донесе пасош и храна во судот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот