Распитот на Зекири сѐ уште не е почнат, сопругата му донесе пасош и храна во судот

Мухамед Зеќири во Кривичниот суд / Фото: МИА

Иако пред околу четири часа генералниот секретар на владата Мухамед Зекири влезе во Кривичниот суд заедно со својот адвокат на распит по обвинението за злоупотреба на службена положба и овластувањето, судијата на претходна постапка се уште не го започнал процесот, дознава „Слободен печат“.

Во меѓувреме во судот се појави неговата сопруга Бисера, која му го донела пасошот, како и храна поради предолгото чекање во судот.

Доколку осомничениот Зекири не се појавеше сам во судот, имаше наредба да биде приведен со полициска придружба.

Зекири по објавата за обвинението соопшти преку Фејсбук дека си поднесува оставка од функцијата генерален секретар на Владата на РСМ, која му е прифатена од страна на премиерот Димитар Ковачевски.
Според обвинението, осомничениот Зекири во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.
Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.
Видео на денот