Која е Јована, девојката што го презеде инстаграм-профилот на Викторија Бекам?

Јована Рајачиќ/Instagram колаж
Јована Рајачиќ/Instagram колаж

Денес на Инстаграм-профилот на познатата „Пош спајс“ Викторија Бекам, големи се шансите да не ја видите неа, туку некоја друга девојка – Јована.

Се разбира, не станува збор за хакирање на туѓата приватност или профил, туку интересна соработка со една девојка за која се знае во фитнес – светот во регионот.

Викторија Бекам е синоним за елеганција, но во последно време е се повеќе насочена кон спортските трендови. Во центарот на сето тоа се појави една Сараевчанка, која накратко беше задолжена за Инстаграм профилот на Викторија, пренесуваат од „Nova.rs“

Викторија ја изненади својата публика, откако почна да промовира своја сопствна спортска линија облека. Но, почесно место во овој проект има Јована Рајачиќ, експертка за фитнес на овие простори.

Како и што може да се види во објавата на Викторија, Јована сними и објави тренинг на кој ги повикува сите на вежбање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Идејата за овој проект е низ спортската приказна на Јована публиката да ја доживее важноста на вежбањето подобро, а да се промовира и соработката на Викторија Бекам со спортски брендови.

Денес Јована е на чело на платформата LIVENow Fitness која ги поврзува луѓето со професионалци за вежбање, а им пружа и можност да слушнат неверојатни искуства од другите луѓе ширум светот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот