unsplash

Кое растение е „новото злато“ и како влијае на производство на чоколадо?

Производството на лешници е под влијание на климатските предизвици, особено во Турција, која е најголемиот светски производител. Сезоната на лешници е во полн ек, а љубителите на оваа храна наскоро би можеле да почувствуваат зголемување на пазарните цени. Нивното присуство во десерти, чоколади и разни производи е неизбежно, но климатските предизвици и растечката глобална побарувачка сè повеќе влијаат на цените и достапноста.

Цените на лешниците низ целиот свет се зголемија за повеќе од 30 проценти од почетокот на годината. Странските медиуми објавуваат дека една од причините е студениот април во Турција, кој оштетил бројни цветови и значително ја намалил бербата што особено ги погодува производителите на чоколадо. Покрај тоа, цените на какаото растат и на долг рок, што дополнително влијае на конечната цена на производите во кои се користат лешници – пишува Блиц бизнис.

За земјоделците кои постигнуваат принос од приближно два тона на хектар, заработката може да достигне 10.000 евра, а во исклучително успешни години, дури и повеќе. Долгиот животен век на плантажите, кој може да биде до половина век, го прави лешникот многу профитабилна култура во овоштарството, што се потврдува со зголемениот број нови плантажи во различни региони.
Глобалното производство на лешници расте за околу 3 проценти годишно, според Меѓународниот совет за јаткасти плодови и сушено овошје. Во вкупната потрошувачка на јаткасти плодови, лешниците се на петтото место со 11 проценти, зад бадемите (27%), оревите (22%), индиските ореви (20%) и ф’стаците (14%).

Во сезоната 2022/23, глобалната жетва достигна 585.150 тони, што е највисок резултат во последните десет години. Турција е на чело со 71 процент од вкупното производство, додека Италија следи со околу 10 проценти. Одгледувањето лешници расте и во САД и Чиле.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот