КОЈ УДРИ ПО САУДИСКАТА НАФТА? Експерт за Блискиот Исток вели дека НЕ СЕ НИТУ ХУТИТЕ, НИТУ ИРАН

Фото: Профимедиа

– Мала е веројатноста Техеран да е поврзан со нападот. Можноста Саудиска Арабија да го нападне Иран ја сметам за искучена. Но, сигурно ќе има некаков вид на одмазда – истакна во интервју за „Дојче веле“, експертот за Блискиот Исток Мајкл Лудерс, а пренесе српски „Блиц“.

И покрај тоа што јеменските бунтовници Хути ја преземаа одговорноста за овој напад, Лудерс вели дека се уште не е сигурно кој навистина стои зад нападот. Иранските и либиските војници се на страната на паравоените формации на Хутите и тие се оние кои ги оспособуваат за ракување со ракетите на јеменската војска за попрецизно да ги гаѓаат целите. Сепак, ракетите кои Хутите претходно ги истрелаа се американски или руски кои беа во сопственост на јеменската војска.

– Иранците досега ракети од таков вид не им испорачуваа на Хутите. Тоа би било многу тешко и поради фактот што има блокада на пристаништето во Јемен. Дали бунтовниците Хути се во состојба да изведат таков напад? Тие се позиционирани на голема оддалеченост од нафтените постројки, на повеќе од 1.000 километри. Постои уште една теорија, која пред се, ја прошири телевизијата „Ал Џезира“. Тие велат дека нападите ги извеле шиитските Народни мобилизирани сили од јужен Ирак. Постои одредена логика дека станува збор за одговор на израелските напади на проиранските позиции во Сирија и Ирак во текот на изминатите недели, кои се повторуваат – истакна Лудерс.

Експертот за Блискиот Исток додава дека нападот на саудиските нафтени постројќи силно му наштетил на Иран, и иако американскиот државен секретар вели дека се е „иранско масло“, тоа е, смета Лудерс, малку веројатно.

– Особено по смената на советникот за национална безбедност Џон Болтон, кој силно го застапуваше ставот дека САД треба да започне војна против Иран, би било многу неразумно од раководството во Техеран да наседне на таква провокација. Малку е веројатно Иран да има било каква директна врска со овој напад. Тоа е претерано. Но едно е јасно: овој настан значително ја влоши безбедносната ситуација – додава експертот.

Лудерс анализира дека целата ситуација е голем срам за Саудиска Арабија, која е најважен купец на американско оружје.

– Ова е неверојатен срам за Саудијците, како и за нивниот арсенал на оружје, бидејќи очигледно е дека нивните безбедносни системи, за кои се издвоени милијарди евра, не се во состојба да ги одбранат од напад на беспилотни летата – вели Лудерс.

Хутите, анализира експертот, се одлични војници, идеолошки насочени, но во ниту еден случај не се под контрола на Техеран. Не е искучено и тие навистина да го извеле тој напад, како што велат, но во тој случај на Иран не му завршиле никаква услуга. Сега сите обвиненија одат кон Иран, а не кон бунтовниците, па затоа има големи последици за безбедноста и мирот во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот