Фото: Профимедиа

Кој тип е вашата свекрва? Ги има 6 и некои од нив сигурно нема да ви се допаднат 

Кавгите со свекрвите не се ништо ново. Генерации снаи се прашувале што направиле за да заслужат токму таква свекрва каква што ја добиле (без разлика дали е добра или лоша).

Меѓутоа, сега постои нов систем за точно утврдување на точно какво однесување покажува вашата свекрва – и како можете да се справите со тоа. Во својата претстојна книга, „Вие, вашиот сопруг и неговата мајка“ (You, Your Husband & His Mother), психологот д-р Трејси Далглејш наведува шест различни типови свекрви, објаснува што сака секоја од нив, како се однесува и што можете да направите како одговор.

Во изминатите неколку дена, вниманието беше насочено кон скандалот во семејството Бекам, а токму славната Викторија Бекам е опишана како проблематична свекрва. Па, на кој тип припаѓа таа?

Според Далглејш, шесте типа свекрва се:

– Маченичка
– Жртва
– Онаа што обвинува
– Контролорка
– Онаа што се дистанцира
– Онаа што поддржува

Зошто е важно да имате вакви етикети? Тие можат да ви помогнат да ја препознаете динамиката во која сте заглавени со вашата свекрва и подобро да разберете како да излезете од неа.

– Кога ги разбираме шемите што постојат во односите, тоа навистина ни помага да изградиме подобри и посилни врски, особено во бракот – рекла Далглејш во интервју за „Скери мами“ (Scary Mommy).

– И нагласувам дека овие шест типа не се дијагнози. Луѓето кои можеби ја етикетирале својата свекрва како нарцис може да забележат некои слични нијанси, но јас не сум го користела терминот нарцизам кај овие шест типа со причина – не е корисно да одите кај вашиот сопруг и да му кажете: „Види, оваа книга вели дека твојата мајка е нарцис“. Со создавање на овие шест групи, можеме да разбереме збир на однесувања, а потоа како да продолжиме понатаму.

Маченичка

– Маченичка е некој што должен и дава, но често е исполнет со вина и чувство на обврски. Тоа е личност која е пасивно-агресивна и има чувство дека нејзината постојана самопожртвуваност не се цени – вели Далглејш.

Свекрвата-маченичка може да кажува работи како: „Толку многу се трудам, но изгледам дека никогаш не можам ништо да направам како што треба“ или „По сè што направив за тебе, не можам да верувам дека се однесуваш вака со мене“.

Можеби таа често се согласува да ги чува вашите деца, но потоа им се жали на пријателите дека е исцрпена поради тоа.

Ваквите коментари создаваат притисок врз снаите да бидат поблагодарни и поизразени во нивната благодарност. Но, тоа е стапица, вели Далглејш.

Да речеме дека сте слушнале како пријателката се жали колку е уморна од чувањето деца.

– Кај овие свекрви е важно да изразите благодарност, но не да го храните чувството на вина и да поставите јасна граница: „Ако си уморни од чувањето деца, те молам да ни кажеш“. Тоа е многу јасно. Целта е да не се влегува во тој циклус – вели таа.

Жртва

Жртвата, од друга страна, верува дека животот постојано ѝ се случува и дека не може да го промени надворешниот свет. Таа очекува од своето дете да ги поправи работите, да „биде добар син и да се грижи за својата мајка“, вели Далглејш.

– Жртвата има мала лична моќ во својот живот и ги вовлекува другите во улогата на спасител.

Вашиот партнер често може да каже: „О, па тоа е само мајка ми. Таква е каква што е“. Но, снаата која се обидува да интервенира и да ги поправи работите за својата свекрва-жртва, ненамерно ќе го нахрани чувството на жртвување, забележува Далглејш.

Онаа што обвинува

Ова е свекрвата која вели: „Немавме вакви проблеми порано; ти си проблемот“ или „Ако ги правеше работите поинаку, ние немаше да бидеме тука“.

Таа може да ви зборува дека не треба да го доите вашето бебе на тој начин или да ве праша колку долго планирате исклучиво да доите, само за да ве спречи да го храните вашето бебе, вели Далглејш.

Ако имате свекрва што обвинува, границите треба да ги поставува и спроведува вашиот партнер. Можеби ќе мора и да прифатите дека вашата свекрва можеби никогаш нема да ве разбере и ќе ве гледа како лоша личност. Тоа е исклучително болна динамика, но не мора да учествувате во неа и дополнително себе да се повредувате.

Контролорка

Контролорката мисли дека секогаш е во право и има тенденција да ја потценува својата снаа. Може да каже: „Во нашето семејство, тоа вака се прави“, или: „Така е нашата култура, така се прави“.

– Снаите овде често се заглавуваат во претераното објаснување и оправдување, па како резултат на тоа немаат добри граници. Тешко им е да ги одржат и често бараат дозвола – вели таа.

Ако имате свекрва што контролира, важно е вие ​​и вашиот партнер однапред да воспоставите граници за посети и празници и како тим да ги почитувате.

Онаа што се дистанцира

Овој тип свекрва едноставно е отсутен.

– Можеби таа има стил на избегнување на приврзаност или таков механизам за соочување. Не мора да има конфликт или стрес со жената што се дистанцирана, но не го чувствувате нејзиното присуство во вашиот живот – вели Далглејш.

И тоа може да биде болно за снаата.

Можете да се обидете да го премостите јазот велејќи: „Би сакале да дојдеш на еден час и заедно да ја направите токму ова конкретна работа. Но, на крајот на денот, ако таа не го сака тоа, мора да прифатиме дека таа личност е таква“, предлага Далглејш.

Таа исто така напоменува и дека некои свекрви делуваат отсутно додека децата се мали, а се појавуваат подоцна кога ќе пораснат. Како ќе се справите со тоа зависи од вас.

Онаа што поддржува

Ова се идеални свекрви – поддржувачки, грижливи и полни со почит, и тоа во двата правци. Тоа се оние со кои можете отворено да разговарате за вашите потреби и да очекувате добар одговор.

Можеби го имате овој тип ако вашата свекрва забележи дека поминувате низ тежок период во вашиот брак и ви вели: „Верувам дека вие двајца можете да го решите ова заедно, а јас сум тука ако ви затребам“, без да зазема страна, вели Далглејш. Или, ако имате деца, таа ви напишлаа: „Кажи ми кои се вашите желби во врска со породувањето и посетите потоа, ќе бидам подготвена кога ќе посакате да дојдам.“

И со ваква свекрва можеби ќе мора да водите разговори за вашите желби и потреби како што се менуваат, но важно е да продолжите да ги имате, вели Далглејш.

Во секој однос постојат конфликти, а односите со свекрвите често се особено тешки. На крајот, Далглејш вели дека е важно да се запомни дека семејството на вашиот партнер имало своја динамика и пред вашето доаѓање и дека сега треба да му пристапите како тим.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот