Кој сектор ја движи европската економија?

Секторот за услуги е главен двигател на економскиот раст во Европската Унија по пандемијата на коронавирусот, велат податоците објавени денес од Евростат. Овој сектор во септември и октомври оваа година бил за 16,4 проценти повисок отколку во февруари 2020 година, непосредно пред избувнувањето на пандемијата. Растот на производството во индустријата во споменатиот период бил значително помал и изнесувал 2,3 проценти, во трговијата само 0,1 процент, а во градежништвото 0,2 проценти.

Економијата на Европската Унија беше силно погодена за време на првиот бран на пандемијата, со остри падови во сите главни сектори помеѓу февруари и април 2020 година.

Индустриското производство потоа падна за 27,3 проценти, градежништвото за 26,7 проценти, трговијата за 22,3 проценти, а услугите за 17 проценти, според веб-страницата на Евростат. Потоа следеше период на закрепнување, а приближно една година подоцна нивоата на производство се вратија на вредностите пред пандемијата- пишува Бизнис телеграф.

На почетокот на 2022 година, трендовите се разидоа, бидејќи индустријата, градежништвото и трговијата почнаа да стагнираат или малку да опаѓаат, додека секторот на услуги продолжи со постојан раст, станувајќи главен двигател на целокупната економска активност во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот