Кој се грижи за правата на студентите и кој е студентот кој студира два факултета истовремено во САД? Утре во „Слободен печат“
Кој се грижи за правата на студентите? Од кого студентите може да побараат поддршка за да се изборат за своите права? Каде можат да се обратат доколку нивните права бидат прекршени? Одговорите на овие прашања ги добивме во утринската емисија „Слободен печат“ во интервју со студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Савче Ѓошева.
Препорачано
Кавадарчанецот Александар Витанов е еден од ретките студенти во светот кој ја добија престижната стипендија Шварцман (Shwarzman). Тој истовремено студира два факултети музика и политички науки на „Бард колеџ“ во Америка. За приказната на овој успешен Македонец, неговите амбиции, желби и планови гледајте во нашата утринска програма.
Даниела Алексовска е првак во бразилско џиу-џицу. Почнала да се занимава со борачки вештини од шест години. Таа веќе неколку години ја урива конкуренцијата во Македонија и пошироко во џудо, кикбокс и во бразилско џиу-џицу. Ги охрабрува девојките да почнат да тренираат и нивниот број да почне да се зголемува, па заеднички да го срушат стереотипот дека девојките се за понежни спортови.
Гледајте „Слободен печат“ секој работен ден во 9 часот наутро.


