Кој ќе ја поддржи европската Суперлига, ќе биде исфрлен од италијанската Серија А

фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Во италијанскиот фудбал не сакаат ништо да препуштат на случајноста во врска со европската Суперлига. Пораката на клубовите на Апенините е јасна – кој ќе влезе во Суперлигата автоматски ќе биде исфрлен од Серија А.

Според еден од најпознатите спортски новинари во светот, Фабрицио Романо, Италијанската фудбалска федерација одлучила да ја одобри клаузулата со која на италијанските клубови им се забранува влез во Супер лигата.

Италијанската федерација не сака нејзините клубови да учествуваат во кое било натпреварување кое не е под капата на УЕФА, ФИФА и нивната асоцијација. Доколку некој клуб сака да се приклучи на Суперлигата, ќе биде исклучен од Серија А следната сезона.

Со ова тие испратија порака пред сè до Јувентус, кој од почетокот на идејата беше еден од најголемите иницијатори за формирање на европската суперлига заедно со Реал Мадрид и Барселона.

Темата за формирањето на Европската Суперлига повторно е актуелна откако Европскиот суд на правдата пресуди дека УЕФА и ФИФА не можат да забранат формирање на ново натпреварување, бидејќи ги прекршуваат законите на Европската унија.

Засега Реал и Барселона се единствените кои најавија учество и сè уште ја туркаат таа идеја. Повеќето од најголемите европски клубови одбија да се приклучат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот