Кој го возел автомобилот кога бил грабнат навивачот Здравко Радојевиќ?

Фото: Pedja Milosavljevic / AFP / Profimedia

„Екипата“ на Веља Невоља го намамила навивачот на „Црвена звезда“, Здравко Радојевиќ (41) да се сретнат на 10 ноември минатата година, по што го однеле во куќата во Ритопек, каде го убиле. Ова, меѓу другото, се наведува во наредбата за спроведување на истрагата против Вељо Беливук, што ја покрена Обвинителството за организиран криминал.

Според обвинителниот акт, Немања Лакичевиќ по наредба на Вељо Беливук и Марко Миjковиќ го искористил своето пријателство со Радојевиќ и договорил средба на паркингот кај јавното претпријатие „Ласта“.

Како што се сомневаат истражителите, Радојевиќ барал на местото каде ќе се одржи средбата да дојде без мобилен телефон. Според истражителите токму Лакичевиќ со возило „пасат“ го однел Радојевиќ пред „Ласта“, а потоа бил пренесен во куќата во Рипотопек, објави Курир.рс.

Според обвинителството, при пристигнувањето во куќата во Ритопек, Беливук, Миjковиќ и засега неколку неидентификувани лица го убиле Радојевиќа, а потоа се обиделе да ги уништат трагите од убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот