Кој е Тревис Скот, раперот на чијшто концерт се случи стампедо?

Тревис Скот и Кајли Џенер

На концертот на раперот Тревис Скот, загинаа најмалку осуммина, во стампедо што се случи на музичкиот фестивал во Хјустон, соопштија пожарникарите. Над десетина луѓе се повредени, а во болница се веќе 11 лица, соопштија локалните медиуми.

Кој е Тревис Скот?

Овој рапер е во врска со најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер и го очекуваат второто дете.

Тој и пред врската со Кајли имаше успешна кариера, но „слава за слава се лепи“, па кога влезе во врска со Кајли, популарноста вртоглаво му се зголеми. Односите со Кајли уште од старт на нивното спојување им беа турбулентни.

Кајли и Тревис почнаа врска во април 2017 година, а таа забремени два месеци подоцна. Сторми се роди во 2018, а во 2019 тие раскинаа. Во 2021 ја обновија врската и чекаат второ дете.

Тревис Скот
EPA-EFE/JASON SZENES SHUTTERSTOCK OUT

Тревис инаку сакал да стане нефролог, но почнал да се занимава со музика откако го напушта факултетот. Првиот договор го потпишал во 2021 со „Epic Records“,  a во ноември стана еден од продуцентите на издавачката куќа на Канје Вест.

Хаосот на концертот се случил кога се отвориле вратите околу 14 часот по локално време и стампедото се пробило низ вратите. Илјада луѓе, според извештајот на ЕјБиСИ го уништиле целосно влезот за VIP делот и го заобиколиле контролниот пункт. Некои од нив се приведени. Шефот на локалната противпожарна служба Сем Пен изјави дека дошло до огромен метеж на предниот дел од бината и настанала паника. На лице место пристигнале десетина амбулантни возила.

ВИДЕО | Осум лица загинаа на концерт: Ужасно стампедо во Хјустон, пожарникарите ги спасуваа луѓето

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот