Брега откри дека бил вљубен во Лепа Лукиќ! Пејачката шокирана од интимното откритие, па му порача

Горан Бреговиќ / Лепа Лукиќ / Фото: EPA / MARTIAL TREZZINI / Printskrin Instagram / Lepa Lukic

Музичарот Горан Бреговиќ откри дека во младоста бил вљубен во пејачката Лепа Лукиќ, и дека бил целосно импресиониран од нејзината појава.

Фронтменот на „Бијело дугме“ оваа тајна ја раскажал во големото интервју што го дал за магазинот „Недељник“.

– Јас бев вљубен во Лепа Лукиќ. Не мислам вљубен во неа како во жена, јас бев вљубен во нејзиниот хумор и зафрканции. „Бијело дугме“ живееше изолирано, никогаш не се плеткавме со естрадата. Е, потоа одеднаш се појави желба да работиме повеќе, бидејќи малку работевме, свиревме еднаш во три години, и ајде, одеднаш се појави таа ТВ ревијална турнеја и одеднаш се најдовме опкружени со естрадата. Тоа за нас беше чудо невидено – се присетил музичарот, па продолжил:

– Тој свет кој имаше некаков хумор кој ние не го знаеме, свет кој живее на начин и се радува на работи кои првпат ги гледаш. Јас Лепа Лукиќ ја гледав како чудо. Бев вљубен на некој начин, веројатно затоа што првпат се запознав со шоубиз светот, па бев импресиониран од неа. Таа раскажуваше такви неверојатни нешта, за кои мајка ти би ти удрила шлаканица ако се обидеш да повториш такво нешто, но истовремено беше толку духовито и со таков шарм, кој веројатно само југот на Србија го има на таков начин. И тоа беше големо откритие за мене, за сите нас, не само за мене – се присетил Брега во интервјуто за „Недељник“.

Лепа Лукиќ била шокирана и изненадена од изјавата на Бреговиќ, па му возвратила.

– Првпат слушам за тоа. Брега никогаш не ми го кажа тоа. Дали навистина тој тоа го изјавил? Зошто тој тоа би го рекол? Ги имавме тие турнеи пред години, одевме со автобус со 30 пејачи. Беше и „Бијело дугме“, се сеќавам. Убаво е тоа што бил вљубен во мене, Брега е сепак Брега, не кој било. Тоа ми импонира, но сега е доцна, имам многу години (се смее). Тогаш немав никаква врска со него. Тоа беше многу одамна, тогаш сите бевме млади – изјавила Лукиќ за српски „Курир“.

Инаку, Лепа беше најпопуларната пејачка на народна музика во тоа време, во седумдесетите и осумдесетите. Колку ја сакаа луѓето говори и фактот дека таа прва од естрадата имаше свој фан клуб кој се викаше „леписти“. Дури и француската телевизија направи репортажа за Лепа и нејзината слава. Исто така, бендот „Бијело дугме“ уживаше огромна популарност меѓу младите во текот на осумдесеттите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот