Кој е рецептот за среќа во врската? Најпрвин решавајте ги полесните проблеми!

Фокусирањето најпрвин на решливите проблеми може да биде ефикасен начин за изградба на чувството на сигурност во врската. Исто така, паровите кои имале расправа со посредување на трета личност на крајот искусиле поголемо задоволство.

Кавгата е дел од секоја врска, дури и за најсреќните парови кои долго време се заедно. Главните причини за расправијата најчесто ги вклучуваат парите, сексот, децата и интимноста. Пандемијата додаде уште едно ниво на напнатост меѓу паровите.

Истражувањата покажаа дека паровите кои се расправаат поверојатно е да останат заедно отколку оние кои избегнуваат да се соочат со проблемите. Две нови студии го открија начинот на кој среќните парови се караат и како се разликуваат од останатите парови.

Како се расправаат успешните парови

Истражувањето објавено во „Family Process“ покажа дека начинот на кој паровите се расправаат се разликува. Истражувачите од Универзитетот Тенеси во Кноксвил набљудувале 121 пар поделени во две групи, кои себе си се опишале како среќно венчани луѓе.

Прочитајте и...  Малку жени би имале храброст да го облечат ова: Погледнете како се појави Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Групите луѓе главно сочинувале бели, хетеросексуални, образовани парови. Паровите ги ранигирале своите најголеми и најситни проблеми. Интимноста, слободното време, домаќинството, комуникацијата и парите биле најсериозните проблеми, исто како и здравјето за постарите парови. Љубомората, религијата и семејството ги оцениле како најмалку сериозен проблем.

Сите парови на проблемите реагирале со јасни решенија. Паровите ретко се одлучувале да се расправаат за проблемите кои биле потешки за решавање.

Фокусирањето најпрвин на решливите проблеми може да биде ефикасен начин за изградба на чувството на безбедност во врската. Според главната авторка на истражувањата д-р Ејми Рауер, оваа стратешка одлука може да биде тајната за брачниот успех.

– Фокусирањето на проблемите кои потешко се решаваат може да ја поткопа довербата кај партнерот. Ако паровите чувствуваат дека можат да соработуваат за решавањето на своите проблеми, тоа може да им донесе самодоверба да прејдат да ги решаваат и потешките проблеми, вели Рауер.

Прочитајте и...  Како да препознаете дека на вашето тело му недостига магнезиум? Минералот кој е важен за виталните функции!

Посредување на трето лице

Истражувањето кое го спроведоа научниците од Универзитетот во Женева открива дека кога паровите се расправаат, посредството на некое трето лице може да го подобри исходот од кавгата. Истражувањето исто така покажа дека посредството е поврзано со зголемена активност во деловите на мозокот кои се поврзани со чувството за задоволство и мотивација.

Истражувачите по случаен избор одредиле 36 хетеросексуални парови кои ги вовеле во кавга со посредување или без посредување. Паровите кои имале расправа со посредување на трето лице на крајот покажале поголемо задоволство од паровите кои немале посредување на трето лице.

Зголемената активација во деловите на мозокот поврзана со чувството за задоволство и мотивација исто така е идентификувана и во групата која имала посредство во споредба со останатата група.

Прочитајте и...  Погледнете зошто путерот од кикирики може да ви помогне полесно да заспиете!

Испитаниците пред истражувањето пополниле прашалник со 15 најчести теми кои ги поттикнувале на кавга со партнерот. Потоа истражувачите побарале од учесниците да започнат расправа за една од тие теми. Едночасовната расправа кај половината парови ја следел професионален посредник кој се вклучувал во расправата додека кај остатокот од паровите тој останал пасивен.

Резултатите покажале дека паровите кои имале и професионален посредник биле подобри во решавањето на конфликтот, позадоволни од содржината и напредокот на расправата и имале помалку преостанати несогласувања, пренесува Psychology Today.

Прочитај повеќе

Ирина Шајк не можеше да си ја закопча сукњата, па ѕирна задникот! (ФОТО)

Васко Спасоски

Како да препознаете дека на вашето тело му недостига магнезиум? Минералот кој е важен за виталните функции!

Слободен Печат

Погледнете зошто путерот од кикирики може да ви помогне полесно да заспиете!

Слободен Печат

Малку жени би имале храброст да го облечат ова: Погледнете како се појави Карлеуша на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

Васко Спасоски

Страста на жената во овој хороскопски знак привлекува многумина, но е тешка за сакање!

Слободен Печат

Филмскиот фестивал во Кан ќе се одржи во мини, симболично издание!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кајли Џенер ужива во есента: Најмладата милијардерка го дочека новото годишно време во бикини кое едвај ѝ ги задржа градите! (ФОТО)

Слободен Печат

Морничавиот проект на Нетфликс: Што би направиле за само малку слава? (ВИДЕО)

Слободен печат

Ѕвездата од серијата „The Witcher“ сака да биде новиот Бонд: Дали Хенри Кавил е вистинскиот избор за агентот 007?

Слободен печат

Овој чај експресно помага во отстранување на болката во грлото и кашлањето!

Слободен Печат

На аукција вреќичката за инфузија која ја користел Мајкл Џексон

Слободен печат

Погледнете кое хоби најмногу ќе ве опушти: Одлично е за справување со стресот!

Слободен Печат