Кој е наследникот на омразениот Болтон? Како противници ги гледа Русија и Кина, непознато е дали ќе го советува Трамп да го нападне Иран – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеПланета

Кој е наследникот на омразениот Болтон? Како противници ги гледа Русија и Кина, непознато е дали ќе го советува Трамп да го нападне Иран

Според некои информации, O'Брајан лесно „пружа рака“, и брзо излегува на крај со најзразлични типови на луѓе. Поради тоа, во иднина би можел да делува во тим со Помпео, што можеби ќе му помогне во хаосот на надворешната политика на САД и за прашањата за безбедност во Белата куќа

Сѐ се случуваше на како телевизиско шоу за избирање на таленти – американскиот претседател прво соопшти дека на ум има 15 потенцијални кандидати за наследник на омразениот советник за национална безбедност Џон Болтон, а потоа јавноста виде само пет, за на крај тој да победи. Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи тоа да биде дипломатот Роберт О’Брајан, пишува „Блиц“.

– Роберт е фантастичен – коментираше американскиот лидер.

Адвокатот од Лос Анџелес на досегашната функција како специјален службеник за преговори околу заложници делуваше надвор од очите на јавноста, па на поголемиот дел од познавачите на состојбите во американската политика им е непознат. Трамп меѓутоа, добро го познава, бидејќи непосредно соработуваше со него, на пример, за време на преговорите со Турција за ослободување на американскиот свештеник Ендру Брансон.

Кога Трамп неодамна дојде до идеја да го ослободи раперот Ејсап Роки (ASAP Rocky), кој по тепачка заврши во затвор во Шведска, O’Брајан му помагаше. Тоа е беше единствениот пат кога неговото име се појави во медиумите. Иако Шведска не важи за бесправна држава, а за раперот не можеше да се каже дека е заложник, О’Брајан отиде во Стокхолм и Ејсап Роки по изрекување на пресудата, ја напушти Шведска.

Така Трамп започна да го цени O’Брајан, кој со неговите посредувања во ослободување на најразлични луѓе обезбедни ретки надворешнополитички поени.

O’Брајан е неверојатно лојален, важи за голем поддржувач на Доналд Трамп, а очигледно знае колку претседателот е слаб на ласкање. Новинари кои патувале со претседателскиот авион, пренесуваа дека Трамп воодушевено соопштил дека О’Брајан го опишал како најголем преговарач за заложници во историјата.

– И во право е – констатирал Трамп задоволно, за потоа да објави дека го именувал токму О’Брајан за нов советник за безбедност.

Се поставува прашањето колку новиот човек ќе издржи на „жешкото“ столче во Белата куќа, пишува „Шпигл“. Познато е дека Трамп се опркужува со бројни советници, но на крајот често носи одлуки за кои тој смета дека се најдобри, иако се во спротива на нивните гледишта.

Предноста на O’Брајан можеби се состои во тоа што новата работа ја доби на препорака на министерот за надворешни работи Мајк Помпео, кој константно влегуваше во недоразбирања со неговиот претходник Болтон. Според некои информации, O’Брајан лесно „пружа рака“, и брзо излегува на крај со најзразлични типови на луѓе. Поради тоа, во иднина би можел да делува во тим со Помпео, што можеби ќе му помогне во хаосот на надворешната политика на САД и за прашањата за безбедност во Белата куќа.

O’Брајан застапува надворешна и безбедносна политика која не е толку различна од тврдата линија на неговиот претходник Џон Болтон. Тој се залага за политичка, економска и воена сила на Америка и ја гледа земјата како водечка светска сила која се бори против злото во светот. Притоа, заинтересиран е за негување на традиционалните сојузи и создавање на притисоци врз противниците, како Русија и Кина.

Во книгата под насловот „Додека Америка спиеше“, која ја објави во 2016 година, O’Брајан силно се противи на политиката на поранешниот американски претседател Барак Обама. Тој тврди дека светот за време на неговиот мандат станал поопасен. Обама со својот принцип за „раководење од позадина“ ги зајакнал американските противници, а притоа ги разочарл сојузниците.

Особено кога станува збор за односите кон државите како што е Иран, Обама бил премногу попустилв и слаб, смета тој. Џон Болтон на кориците на книгата оценува дека есеите на О’Брајан се „задолжителна лектира“ за политичарите кои работат со надворешна и безбедносна политика.

Решавање на кризата со Иран веројатно е една од најважните задачи која го очекува. По нападот на саудиските нафтени постројки, Трамп и понатаму е воздржан кога станува збор за можна воена интервенција.

Сега, се поставува прашањето уште колку ќе издржи и ќе го одржи овој став. Политиката на Трамп кон Иран предизвика контроверзии дури и во неговата партија. Републиканскиот сенатор Линдзи Грејем, кој е и близок пријател на Трамп, со денови го критикува неговиот став.

– Очигледно е дека тоа што го правиме не функционира – изјави Грејем, оценувајќи дека Иран одлуката на Трамп да не возврати по нападот на американскиот дрон ова лето, очигледно е протолкувана како „слабост“.

Новиот советник за безбедност O’Брајан по неговото назначување не сакаше да ги изнесе своите планови, вклучувајќи ги и оние околу Иран. За време на заедничкиот настап со Трамп, само најави дека сега „брзо ќе се информира за најновата ситуација“ околу земјата на Блискиот Исток, а потоа ќе го советува претседателот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close