Кој е најголемиот губитник на Оскарите?

оскари
Foto: Profimedia

Иако имаше дури осум номинации, филмот „Elvis“ не успеа да освои ниту еден Оскар.

Меѓу осумте номинации беа оние за најдобар актер, најдобар костим, сценографија и најдобар филм. Некој друг триумфираше во сите категории. Најтешката борба беше во категоријата за најдобар актер, каде Остин Батлер, ѕвездата на филмот, беше фаворизиран, особено откако освои „БАФТА“ за истата улога.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elvis Presley (@elvis)


Американскиот актер неодамна за магазинот „Варајети“ откри дека не го видел своето семејство три години додека се подготвувал за улогата на кралот на рокенролот во музичката драма „Elvis“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Academy (@theacademy)


Батлер имал околу една и пол година да се подготви пред да почне снимањето на биографскиот филм на режисерот Баз Лурман.

„Се подготвував со режисерот Баз Лурман, а потоа отпатував во Австралија на снимање. Со месеци не разговарав со никого. Размислував само за Елвис и цело време го имитирав“, изјави тој во интервјуто за „Варајети“.

„Бев фокусиран исклучиво на улогата. Дури и цело време зборував како него, па еднаш разговарав на ист начин на телефон со сестра ми, а таа ме праша што не е во ред со мене“, додаде Батлер.

Филмот на Лурман го документира метеорскиот подем на Присли до суперѕвезда во педесеттите години на минатиот век и ја истражува сложената врска на музичката легенда со неговиот менаџер Том Паркер, кој го игра актерот Том Хенкс.

Батлер и претходно зборуваше за ефектот на улогата на Елвис врз него. Тој призна дека речиси целосно го „изгубил контактот“ со себе и со сопствената личност.

Сепак, Оскарот му припадна на Брендан Фрејзер за улогата во „Китот“.

Не се прослави ниту филмот „The Fabelmans“ на Стивен Спилберг, кој годинава имаше седум номинации. Спилберг и ко, исто така, отидоа дома со празни раце.

По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари

ФОТО+ВИДЕО | Згодна трудница: Ријана воодушеви во проѕирен стајлинг на Оскарите

ВИДЕО | Гледачите шокирани од односот на Хју Грант кон Ешли Греам на оскаровскиот тепих

Оскари 2023: „Everything Everywhere All at Once“ ги собра најважните статуетки на престижните филмски награди

Оскари 2023: „Everything Everywhere All at Once“ ги собра најважните статуетки на престижните филмски награди

ВИДЕО | „Па, што ѝ е?“: Култната актерка не ѝ даде аплауз на Џејми Ли Кертис во моментот кога го доби Оскарот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот