ВИДЕО | Гледачите шокирани од односот на Хју Грант кон Ешли Греам на оскаровскиот тепих

Ешли Греам / Ана Елизабет Еберштајн и Хју Грант / Фото: EPA

Британскиот актер Хју Грант ги разбесни гледачите на „Оскарите“, по разговорот со манекенката Ешли Греам, а нивниот разговор го нарекоа „најлошото интервју досега“.

Ешли го интервјуираше видно нерасположениот актер на црвениот тепих пред самото доделување на „Оскарите“, а Грант не се трудеше да го сокрие незадовоството и својот презир кон прашањата на 34-годишната манекенка, која вечерта се појави во улога на водителка.

Ана Елизабет Еберштајн и Хју Грант на годинашните Оскари / 12 март 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

На прашањето кој е неговиот фаворит вечерта, Хју Грант незаинтересирано одговори: „Никој посебно“. Манекенката достоинствено го продолжи разговорот со следното прашање „Што носите вечерва?“, на што тој одговори: „Мојот костум“. Ешли потоа се обиде да го продолжи разговорот, на шала прашувајќи „Сигурно ти не го направи, кој го го правеше костумот?“, на што тој крајно нељубезно и одговори дека не му текнува името на неговиот кројач.

Ешли Греам на годинашните Оскари /12 март 2023 / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

„Ешли беше толку фина и професионална со Хју Грант на интервјуто, а тој е само идиот“, “Хју Грант е кретен“, „Згрозен сум од тоа што ѝ го направи“ се само некои од коментарите кои ги напишаа корисниците на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот