ВИДЕО | „Па, што ѝ е?“: Култната актерка не ѝ даде аплауз на Џејми Ли Кертис во моментот кога го доби Оскарот

Фото: Скриншот/Твитер

Иако повеќето филмски работници ќе кажат дека е голема чест дури и да се биде номиниран за голема награда, американската актерка Анџела Басет на годинашното доделување на Оскарите очигледно навистина сакаше да ја добие наградата за најдобра женска споредна улога.

Како што пишува магазинот „ОК!“, Басет очигледно воопшто не ѝ аплаудирала на својата колешка и конкурентка Џејми Ли Кертис, која беше наградена на 95. доделување на наградите на Американската академија за филмски уметности и науки за нејзината улога во филмот „Everything Everywhere All at Once“.

Ке Хуј Куан, Мишел Јео, Брендан Фрејзер и Џејми Ли Кертис / Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

За време на телевизискиот пренос на наградата можеше да се види како нерасположената Басет не ѝ аплаудира на пресреќната Џејми Ли Кертис.

Бидејќи корисниците на социјалните мрежи не пропуштаат ништо, некои веднаш забележаа дека Басет не аплаудираше кога Ли Кертис го доби Оскарот.


„Без разлика кој добил Оскар… Анџела Басет можеше да ѝ аплаудира на победничката“, рекол еден корисник. „Анџела Басет не реагираше ни кога го прочитаа името на Џејми“, додал друг. „Па, што ѝ е? Можеби тоа беше разочарување, а можеби шок. Во секој случај, Анџела не беше расположена да ѝ аплаудира на Џејми Ли Кертис“, додал трет.

Другите актерки номинирани во категоријата, Стефани Кси, Кери Кондон и Хонг Чау подготвено ѝ аплаудирале на Ли Кертис, славната актерка која својата прва улога ја оствари во 1978 година во филмот „Ноќ на вештерките“ на Џон Карпентер.

Аџела Басет на 95. издание на Оскарите / 12 март 2023 / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Како што пишува „Индипендент“, имало и такви кои ја поддржале Басет, односно констатирале дека таа се однесувала како личност од крв и месо која сака награда.

„Реакцијата на Анџела Басет беше реална“, напишал еден корисник на социјалните мрежи. „Оваа жена даде толку многу во своите филмови, а Оскарите повторно ја поткадоа“, додал друг. „Анџела Басет заслужува Оскар и сите го знаат тоа“, продолжил третиот и тврди: „Не ме сфаќајте погрешно, Џејми Ли Кертис има феноменални улоги, но Анџела долго време чекаше за Оскар и ме лути што повторно ја изиграа. Емоцијата кога изгуби, нејзиниот израз беше празен. Таа е неверојатна. Таа е поткрадена“.

Оскари 2023: „Everything Everywhere All at Once“ ги собра најважните статуетки на престижните филмски награди

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот