Кој би можел да го замени Мохамед Салах во Ливерпул?
Египетскиот фудбалер Мохамед Салах потврди дека го напушта Ливерпул на крајот од оваа сезона, една година пред да му истече договорот. Салах оваа сезона не беше во најдобри односи со тренерот Арне Слот, а тој не играше на нивото од некои претходни години, па веќе е одлучено дека ќе може да си замине без надомест.
Препорачано
Во емотивна објава на социјалните мрежи, Салах се збогува со навивачите на Ливерпул на кои им го донесе трофејот од Лигата на шампионите и децении очекуваната титула во Премиер лигата, а сега прашањето е – кој ќе го замени? Тоа воопшто нема да биде лесно, со оглед на тоа што Салах одигра 435 натпревари за „Црвените“ откако дојде од Рома, постигнувајќи неверојатни 255 гола и запишувајќи 122 асистенции, помагајќи им да освојат две титули во Премиер лигата, две во Лига купот и една во ФА купот.
Ливерпул инвестираше огромна сума пари доведувајќи ги Вирц, Исак и Екитике, и додаде нова динамика во својот напад, но сепак им треба играч кој директно ќе го замени Мохамед Салах.
Главна цел наводно е Мајкл Олисе, играчот на Баерн кој неодамна привлече внимание со носењето на националниот дрес на Франција. Тој веќе играше во Англија и играше за Кристал палас, додека во последните две години е еден од најдобрите играчи на Баерн. Проблем ќе биде неговиот договор со клубот од Минхен до 2029 година.
Освен него, се зборува и за Ентони Гордон од Њукасл, младиот Јан Диоманде од Лајпциг, како и за неговиот соиграч Јохан Бакајоко. Се шпекулираат и имињата на Кристијан Пулишиќ од Милан, Мохамед Кудус од Тотенхем, Џерод Боуен од Вест хем, како и крилата на ПСЖ, Бредли Баркола и Дезире Дуе. Се споменува и името на Нико Вилијамс од Атлетико Билбао, но се чини дека ќе биде тешко да се убеди да ја напушти Баскија.


