Кои вкусови не можат да ги вкусат мачките?

Фото: pexels-farfalina

Иако мачките имаат исклучително остар слух, вид прилагоден на движења и темнина и многу чувствително сетило за мирис, нивното сетило за вкус е значително помалку развиено од она на луѓето, кучињата и некои други животни.

Мачките се месојади, што значи дека мора да јадат животински производи за да преживеат. Нивните пупки за вкус се развиле во согласност со нивните нутритивни потреби. Според тоа, мачките немаат потреба да јадат јаглехидрати, ниту пак способност да препознаваат слатки вкусови. Мачките имаат малку пупки за вкус. Луѓето имаат околу 9.000 пупки за вкус, кучињата околу 1.700, додека мачките имаат само околу 470.

Мачките технички можат да вкусат многу мала количина на сладост, меѓутоа, им недостасува рецептор за сладост што ќе му овозможи на нивниот мозок да го препознае тој вкус. Мачките имаат само еден од двата рецептори за сладост, поради што не можат целосно да почувствуваат или да уживаат во слатките вкусови. Тие можат да препознаат сладост во многу високи концентрации, но не на ист начин како луѓето и другите цицачи.

Но, кога станува збор за други вкусови, мачките имаат изразена способност да препознаваат горчливи вкусови, благодарение на седумте специјално развиени рецептори, кои им помагаат да ги избегнат токсините од околината. Иако имаат помалку пупки за вкус од другите животни, тие прават разлика помеѓу кисело, горчливо и солено.

Мачките сакаат месо и производи од животинско потекло. Мали количества овошје, млечни производи и нетоксични слатки – односно оние без чоколадо – не се штетни, но треба да се даваат ретко.

Сувата храна за мачки содржи повеќе јаглехидрати отколку што е потребно, па затоа многу ветеринари препорачуваат делумно или целосно хранење со влажна храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот