КОИ СЕ РАЗЛИКИТЕ: Парфем, колонска вода или тоалетна вода?

Кога сте во парфимерија, обидете се да разговарате со продажните агенти, кои ќе ви ги објаснат основните разлики меѓу производите. Парфемот има највисока концентрација на парфемско масло во себе, а другите производи пониска.

Не е комплицирано, но треба да ги знаете најосновните разлики.

Она што се продава како парфем има највисока концентрација на есенцијални масла, околу 30-35%, што ги прави најтрајни од сите. Тие на кожата може да траат 6-8 часа, па и повеќе, во зависност од брендот, а на облеката се задржуваат и до 24 часа.

Парфимираните води имаат концентрација околу 20-25% есенцијални масла, што ги прави трајни околу 5 часа на кожа и 10-12 часа на облеката. Тие се полесни од концентрираните парфеми.

Тоалетната вода е одличен избор за омилениот мирис да го носите и во топлите летни денови. Содржат околу 15% есенцијални миризливи масла. Поради пристапноста на цената, тие се најпопуларниот избор во парфимериите.

Колонските води имаат околу 4-5% концентрација на есенцијални масла и лесна арома, а се и доста поевтини и попристапни од парфемите.

„Свежата вода“ (eau fraiche) има околу 3% есенцијални масла и е најевтиниот избор, но и најмалку траен. Максималното траење е максимум два часа, по што останува дискретна арома на кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот