Кои се причините за страшната несреќа? Во игра се две сценарија, коментираат упатените

Запалениот македонски автобус во Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Двајца искусни професионални возачи со повеќе децении зад воланот биле задолжени за патувањето од Истанбул за Скопје кое заврши кобно, од кои едниот порано имал и сопствена агенција за превоз, Еуролајн.

Како што дознава „Слободен печат“ од возачи кои биле на истата тура во Истанбул, операторот „Беса Транс“ редовно, секој викенд ја возел истата туристичка тура со факултативни тури и разгледувања, а на возачите им било наложувано да се менуваат на секои 8 часа за задолжителниот одмор.

Бугарските истражни власти ќе треба да дадат одговори на прашањата како настанала несреќата. Меѓутоа, шпекулациите се дека пукнала гума, по што автобусот ја загубил рамнотежата и иако не се тумбал на патот, сепак се триел од заштитната банкина 50 метри од што настанал пожарот. Втората можна причина е дека возачот заспал. За ниедна причина нема официјална потврда.

Седуммина преживеани се во болница во Бугарија. Едниот од нив посочил дека патниците спиеле, по што се слушнала експлозија во задниот дел од автобусот, па седуммината патници ги искршиле прозорците и успеале да им избегаат на смртоносните пламени јазици.

ВИДЕО | Заев за Утрински брифинг: Еден од преживеаните ми кажа дека на спиење слушнале силна експлозија

Бугарски експерт: Зачудува тоа што немаме слика за состојбата од 2 до 8 часот наутро, нема ни сведоци, каде се бугарските полицајци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот