ВИДЕО | Заев за Утрински брифинг: Еден од преживеаните ми кажа дека на спиење слушнале силна експлозија

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Сочувство до сите граѓани. Јас сум пред болницата во Софија. Сакаме да ги видиме нашите сограѓани кои што успеаа да се спасат. Стапив во контакт со еден од луѓето, кој што ни објасни дека на спиење слушнале голема експолизија. Неколкумина успеале да скршат прозорите и да се спасат, вели премиерот Зоран Заев за Утрински брифинг.

-После одиме кај премиерот на Бугарија да ги добиеме првите информации. Тргнати се републичкиот обвинител и обвинителката за организиран криминал, од МВР. Не се работи за недоверба но се работи за пружање помош. -Преживеаните се вон животна опасност. Најмногу се млади луѓе. За жал 12 деца помали од 18 години, а и другите се млади луѓе, изјави за УБ премиерот Заев.

СТРАШНА ВЕСТ: Македонски автобус се запали во Бугарија, најмалку 45 загинати и седум повредени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот