Кои се најпознатите прекари на фудбалерите: Трактор, психо, пирана, пират….

фото: EPA/EFE

Некои од фудбалерите ги паметиме не само по игрите на теренот туку и по нивните прекари.

Еден од најдобрите италијански фудбалери во 1990-тите години беше Роберто Баџо кој освен по добрите игри беше препознатлив и во „коњското опавче“ поради што прекарот му беше „Божествено коњско опавче“, а по подоцна и малиот буда. Актуелниот менаџер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер во играчката кариера беше познат како Убиец со детско лице, додека Хуан Роман Рикелме беше мрзеливиот волшебник.

Фернандо Торес засекогаш ќе биде познат како Ел Нињо, односно „дете“, додека легендарниот Диего Марадона кој почина минатата година беше познат како „Божјата рака“ или El Pide del Oro (златното момче).

Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Арсенал, Стјуарт Пирс беше познат по прекарот Психо, додека поранешниот холандски репрезентативец Денис Бергкамп поради својот страв од летање доби комичен прекар „Нелетечкиот Холанѓанец“.

Еден од најпознатите прекари е Трактор и негов „сопственик“ е Хавиер Занети. Аргентинецот прекарот го заработи бидејќи беше вистинска машина на теренот која никогаш не запира.
Актуениот тренер на Елиф Елмас во Наполи, Џенаро Гатузо исто поради својот стил на игра доби прекар Питбул, додека Едгар Давидс беше Пирана.

Ерик Кантона кој денеска бешепримен во Куќата на славните на Премиер лигата едноставно беше Крал. Зико кога играше беше прогласен за Белиот Пеле, додека Џорџ Бест за Петтиот Битлс.
Единсон Кавани е познак како Ел Матадор, но тој не е првиот фудбалер со овој прекар, таа чест ја има Марио Кемпес кој во 1978 година на Аргентина и ја донесе светската титула.

Бразилецот Адријано на кого му се предвидуваше голема кариера, но алкохолот и дрогата го уништија за навивачите на Интер засекогаш ќе остане Император.
Комичен прекар имаше и голманот Масимо Таиби кој поради киксевите кои ги правеше на голот на Манчестер јунајтед доби прекар Слепиот Венецијанец.

Легендата на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо доби прекар Лешинар, додека Марсело Галкардо поради својата висина (168 сантиметри) го нарекуваа Кукла.

Хуан Себастијан Верон го наследи прекарот од својот татко, исто така фудбалер и Аргентинецот го нарекуваа Малиот вештер, Павел Недвед беше Чешка фурија за навивачите на Јувентус. Естебан Гранеро поради својата фризура и долга брада беше Пиратот.
И постарите фудбалски фанови имаа свои миленици кои ги знаеја по прекарите, така Лав Јашин беше познат како Црниот пајак, Герд Милер беше Бомбардер, додека Ференц Пушкаш беше Галопирачки мајор, а Франц Бекенбауер беше едноставно Кајзер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот