Кои резултати ја носат Македонија во втората рунда - Слободен печат

Кои резултати ја носат Македонија во втората рунда

Пред одлучувачките натпревари, Австрија е лидер на табелата со четири бода, Македонија и Чешка имаат по два, додека Украина е без бодови.

Македонија денеска (18.15 ч.) го игра одлучувачкиот натпревар од третото коло на Европското првенство во кој влогот е пласман во втората рунда. Противникот е еден од организаторите на ова ЕП, Австрија, додека во вториот натпревар од 20.30 часот играат Чешка и веќе отпишаната Украина.

Пред одлучувачките натпревари, Австрија е лидер на табелата со четири бода, Македонија и Чешка имаат по два, додека Украина е без бодови.

На ракометарите им е потребна победа над Австрија, бидејќи голема е веројатноста дека Чешка ќе ја оправда фаворитската улога против Украина. Тогаш би се направила мини-табела од трите репрезентации кои би имале по четири бодовии и ќе се гледаат само резултатите од меѓусебните натпревари.

Прочитајте и...  Надал посилен од Кирјос за 12. четвртфинале на Австралија Опен.

Победа од два гола разлика над Австрија, на ракометарите ќе им го донесе првото место во Групата Б, додека минимална победа може да ни го до донесе второто место. За тоа е потребна победа, а на натпреварот да има повеќе од 60-тина голови.

Третата варијанта која на Македонија и носи пласман во втората фаза е Чешка да не ја победи Украина, а ние оствариме било каков триумф.

Последната опција која Лазаров, Митревски, Ристовски, Манасков, Стоилов, Талески и останатите ракометари ќе ги продолжат настапите на ЕП, ќе зависи од Чешка, односно веќе отпишаната Украина победи.

Најважно вечерва е ракометарите сами да си ја кројат судбината и да ја совладаат Австрија за да не го чекаат вториот натпревар.

Прочитајте и...  Хрватските ракометари пречекани од 10.000 навивачи во Загреб (ВИДЕО)

Мини-табела пред вечерашните натпревари:
Австрија 32:29 од еден натпревар
Чешка 56:57 од два натпревари
Македонија 25:27 од еден натпревар

Прочитај повеќе

Денот кога Коби Брајант постигна 81 поен! (ВИДЕО)

Слободен печат

Би-Би-Си се посрамоти: Наместо Брајант го „погреба“ Леброн Џејмс

Слободен печат

Хрватските ракометари пречекани од 10.000 навивачи во Загреб (ВИДЕО)

Слободен печат

МЗТ Скопје си донесе центар на Турција

Слободен печат

Надал посилен од Кирјос за 12. четвртфинале на Австралија Опен.

Слободен печат

Фановите покренаа петиција да се смени логото на НБА во чест на Коби

Слободен печат

Остави Коментар

three × one =

Прочитај повеќе

Синиша Михајловиќ повторно примен во болница

Слободен печат

Динар го плати цехот на катастрофата на ЕП: Повеќе не е селектор на Франција

Слободен печат

ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА: Коби Брајант со македонското знаме

Слободен печат

Кирјос со дрес на Коби и солзи во очите излезе на мегдан со Надал (ВИДЕО)

Слободен печат

Во НБА се играше тажна кошарка (ВИДЕО)

Слободен печат

Далас во чест на Брајант го повлече дресот со број 24

Слободен печат