Кога Черчил ја запозна симпатијата на својата жена: Разговор кој ќе ве насмее!

Винстон Черчил имал прекрасен брак со Клементина…

Брачниот пар Черчил имал обичај секоја вечер да прошета. Во текот на една нивна прошетка, во дворот на прекрасната вила го здогледале домарот кој работел нешто околу вилата.

Меѓутоа, неговото внимание најмногу го одвлекла младата жена. Винстон го забележал тоа, па кога се оттргнале од домарот ја запрашал сопругата:

„Дали забележа дека домарот се заинтересира за тебе“

„Да. Тоа е затоа што одамна се знаеме. Уште во младоста ме симпатизираше“, му признала Клементина.

„Ете, да си се омажила за него би била жена на домар, а не жена на премиер“, насмеано и кажал Черчил.

„Драги, да се омажев за него тој ќе беше премиер, а не домар“, му одговорила Клементина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот