КОД: Верушевски сведочел дека прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК

Исказот на поранешниот разузнавач Зоран Верушевски открива како точно е извршено снимањето и нелегалното прислушкување. Тој уште тогаш барал вештачење за откривање кој е одоговорен и каде нелегално се прислушкувало, објави „Телма“.

При распитот пред обвинител, Верушевски рекол дека обвинител треба да ја вештачи опремата во УБК, но неговиот предлог не бил прифатен и опремата била уништена, поради што потоа СЈО го отвори предметот Тврдина.

– Прислушкувањето е креација на петтата управа на УБК. Во истрагата не се обезбедени безбедносни протокли кои се неопходни за да се утврди оправданост на противправно однесување и кои исклучуваат можност од нелегален пристап – така сведочел Верушевски според сознанијата на емисијата „КОД“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот