Коциќ: Ако Царовска одлучила да се повлече, СДСМ ќе ја поддржи

Ненад Коциќ, кандидат за градоначалник на Велес од СДСМ / Утрински брифинг

Доколку министерката за образование Мила Царовска одлучила дека треба да се повлече и да не биде дел од новата влада, претпоставувам во координација со новиот мандатар, тоа е нејзина одлука и ние ќе ја поддржиме, вели пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ во гостувањето на емисијата „Само вистина“, зборувајќи за најавата на Царовска за повлекување од ресорот образование и наука.

Според него, имаме бурна година и половина како позиција во парламентот од аспект на образованието.

-Сметам дека имаше позитивни промени кои што некои моменти беа пренесувани во јавноста како недоволно точно, меѓутоа промените кои започнаа во насока на Кембриџ системот се апсолутно позитивни. Имаме лош образовен систем кој треба да се менува, потенцира Коциќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот