Кочов: Заеднички триумф за сите, одбраната го реши победникот

фото: кк МЗТ Скопје

Одличната игра во одбрана овој пат беше клучниот фактор за третиот по ред триумф на МЗТ Скопје Аеродром во новата сезона АБА2-лигата, откако вечерва, на домашен терен, лесно и убедливо беше совладан словенечкиот претставник Рогашка (74-54).

Ѓорѓи Кочов, тренер ма МЗТ Скопје Аеродром:

– Честитки до моите кошаркари, кои испочитуваа сè што беше договорено. Одбраната дефинитивно беше таа што го реши победникот на оваа средба. Ова беше заеднички триумф за сите, што секако ме радува. Ова е речиси нова екипа, која допрва се запознава и која допрва треба да стане тим. Одиме понатаму, од меч во меч, без да се вртиме наназад.

МЗТ Скопје Аеродром, кој сега има учинок 3-0 на стартот од АБА2, и следниот меч ќе го одигра на домашен терен и тоа следната среда против Борац Чачак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот