Кочо Андоновски му одговори на Димитриевски: И јас не сакам да ги плаќам долговите на општините

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Кочо Андоновски му одговори на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој се спротивстави на одлуката на Владата, операциите за промена на полот да бидат на товар на Фондот за здравство.

„Монструозна е дехуманизацијата на транс луѓето која ја направивте вчера! Едвај чекавте нешто за да го изблуете отровот, омразата, себичноста и нечовечноста!

А на „навредениот“ градоначалникот само ќе му кажам дека со парите кои ние ги плативме за да се покријат долговите од недомаќинско работење на општина Куманово, 3,5 милиони евра, со зборови: ТРИ И ПОЛ МИЛИОНИ ЕВРА! ќе се покриваа операции во следните 100 години! а со парите што ги плативме за да покриеме долговите на сите општини – ќе се покриваа операции во следниот милениум!

ЈАС НЕ САКАМ ДА СЕ ПЛАЌААТ ДОЛГОВИТЕ НА ОПШТИНИТЕ СО МОИ ПАРИ, НЕ САМО ШТО Е НАВРЕДЛИВО, ТУКУ Е И КРИМИНАЛНО!“, напиша Андоновски на Фејсбук.

Градоначалникот на Куманово, вчера на својот Фејсбук профил одговори на објавата на министерот за здравство Венко Филипче, за тоа дека операција за промена на полот отсега ќе ја покрива фондот за здравство.

„Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна, а уште помалку на моја сметка!

– Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо.

Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

По многубројните критики на социјалните мрежи, Министерството за здравство доцна синоќа објави дека се предомислува и дека одлуката за тоа операциите да бидат на товар на фондот, се повлекува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот