Плакат за промоцијата на книгата „Од личност до маска – за новата ’нормалност‘“

Книга со есеистички текстови на Влатко Деловски ќе има промоција во книжарницата „Или-или“

Во книжарницата на „Или-или“ во центарот на Скопје на 10 јули, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Од личност до маска – за новата ’нормалност‘“ на Влатко Деловски.

Станува збор за прва книга на авторот во која тој објавува текстови на повеќе теми, како философија, есеистика, личности и маски, а кои се однесуваат на новата „нормалност“ во локални и глобални рамки. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Дејан Донев.

Настанот ќе почне со музичко „captatio benevolentiae“ (латински: за ај да ве фатиме со добра нота) на кое ќе настапи дуото „Второ колено“ во состав – Дејан Петровиќ (Чапс), вокал и гитара, и Пеце Трајковски (Брада) на перкусии и хармоника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот