Клоп: Не е случајно тоа што имавме 96 бода кога го кренавме пехарот

EPA-EFE/Phil Noble

Ливерпул по пауза од 30 години ја освои титулата во Англија, а тренерот Јирген Клоп изјави дека не се заборавени навивачите кои во 1989 година загинаа на стадионот „Хилсборо“ во Шефилд.

Имено, Клоп изјави дека не е случајност тоа што Ливерпул шампионскиот пехар го крена во моментите кога имаше 96 бода на табелата.

Ливерпул уште пред неколку кола ја обебзеди титулата, но шампионскиот пехар го крена по победата над Челси во последниот натпревар кој сезонава го игра на својот „Енфилд“. Со победата во дербито, Ливерпул дојде до бројката од 96 освоени бодови, а толку навивачи на Ливерпул загинаа на „Хилсборо“.

– Не верувам дека тука има случајност. Мислам дека ова е голема работа бидејќи се совпаднаа бројките. Не може да биде случајно тоа што имавме 96 бода во ноќта кога го кренавме пехарот. Се надевам дека и семејствата на загинатите навивачи го чувствуваат истото. Ова е навистина посебно – изјави Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот