Клоп: Мундијалот во Катар ќе се игра во погрешно време од погрешни причини

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп/фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека Светското првенство во Катар кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември  ќе се одржи во погрешно време и ќе се игра од погрешни причини, а жртви се фудбалерите.

Германецот смета дека е потребно да се организира состанок на кој ќе присуствуваат ФИФА, УЕФА, националните федерации и Лигите на кој би се зборувало за самите фудбалери кои се најважниот дел од овој спорт.

– Ова Светско првенство ќе се игра во погрешно време од погрешни причини. Но, се е во ред – вели Клоп.

Ливерпул сезоната во Премиер лигата ја започнува денеска со гостувањето кај Фулам (13.30 ч.), а Клоп смета дека сезонава ќе претставува еден вид на маратонска трка и во кој фудбалерите ќе бидат изложени на големи напори поради долгите сезони во националните лиги, во европските купови и поради Мундијалот кој за прв пат во историјата ќе се игра во зима.

– Вториот дел од сезоната дефинитивно не е спринт бидејќи првиот натпревар по Мундијалот во Катар ќе го играме на 26 декември. Ако сите играчи имаат пауза, не е проблем, напротив тоа е добро. Додека работев во Германија имавме четири недели зимска пауза. Но, сега СП се игра сред сезона и луѓето кои одлучуваат за тоа велат дека тоа е направено поради „вистински причини“ и тоа е тоа. Но, ако сте фудбалер и стигнете до полуфиналето на СП, веќе имате премногу натпревари, премногу работа, а сезоната ви продолжува за само седум дена. Секогаш кога зборувам за ова, јас станувам лут. Мојот проблем е што како и сите други, знам дека тоа е погрешно, но никој не зборува за тоа дека нешто треба да се менува – додава Клоп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот