Клои Кардашијан за првпат проговори за синот што го доби со Тристан Томпсон
Реалити ѕвездата, претприемачка и инфлуенсерка Клои Кардашијан за првпат проговори за синот што го доби со своето поранешно момче, кошаркарот Тристан Томпсон. Тие го нарекоа својот син Тео, а неговата сурогат мајка го роди на почетокот на август.
„Да можеш да ги обликуваш малите луѓе во навистина неверојатни и големи луѓе е чест, но и подарок“, изјави 38-годишната Клои за нејзината 4-годишна ќерка Тру и синот Тео во интервју за магазинот „Elle“.
View this post on Instagram
„Знам дека е клише, но сакам сè, дури и тешките делови од родителството. Може да биде страшно, но мојата работа ја сфаќам многу сериозно“, додаде таа.
View this post on Instagram
„Мораме сериозно да ги сфатиме овие улоги, особено во денешно време, кога децата имаат пристап до толку многу содржини и се изложени на многу информации уште кога се толку мали“, изјави Клои.
Кардашијан и 31-годишниот Тристан Томпсон во ноември 2021 година решиле да имаат уште едно дете, но овојпат да го добијат со помош на сурогат мајка во ноември 2021 година. Тоа беше еден месец пред Клои да дознае дека Тристан ја изневерува со 31-годишниот фитнес модел Марали Николс.
Иако Кардашијан долго време ја чуваше од јавноста веста за новороденчето, на 13 јули во јавноста излезе веста дека очекува син.
„Клои е неверојатно благодарна на неверојатна сурогат мајка за таквиот прекрасен благослов. Би сакале да ве замолиме за љубезност и приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство“, изјави нејзиниот претставник тогаш за „Page Six“.
View this post on Instagram
Претставникот на Клои Кардашијан додаде таа и Тристан не се заедно.
„Клои и Тристан веќе го имаа бебето на пат кога изби скандалот. Тогаш, Клои веќе одлучи: – Ќе го направам ова сама“, објасни тој.