Класиката и оваа година е вечна: 4 водечки трендови од улиците на Париз оваа зима

париз 2022
Фото: Пиксабеј

Малку се градови во светот кои се сметаат за водечки кога станува збор за  мода и убавина како што тоа е Париз. На француската престолнина се гледа како на место каде што сите трендови се создаваат и потоа се копираат во светот, сето тоа благодарение на стилизираните Французинки кои изгледаат како да се родени со беспрекорен стил.

Сепак, вистината е дека тие на тоа работат само многу повеќе и повнимателно и дека секогаш играат на сигурно – со класиката која е безвременска.

Бидејќи моментално не можеме да патуваме низ светот, внимателно ги следиме кроасаните, Ајфеловата кула и беспрекорниот шик изглед преку Инстаграм и се инспирираме за нови идеи.

Значи, во кои парчиња инвестираат Французите оваа зима? На сите ни е преку глава  од непромислено и бесмислено купување, ги сакаме оние парчиња кои се квалитетни, вредни и траат со години.

Од тенки мокасини до јакни со ремен – овие 4 трендови од париските улици докажуваат дека оваа сезона се се врти околу класиката. Па ако сакате да изгледате  стилски, не прескокнувајте ги овие 4 водечки трендови од улиците на Париз.

париз 2022
Фото: Пиксабеј

1. Тенки мокасини

Сите француски обувки се шик, но мокасините сè уште се на врвот. Тие се носат со генерации, најчесто во нивната поелегантна, потенка верзија, за разлика од гломазните што ги водат во ОК. Поврзете ги со џемпер со пруги и црни панталони до листовите и ќе имате класичен француски изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Mory (@tamaramory)

2. Кадифени палта

Оваа сезона, на улиците на Париз, гледаме Французинки како ги редефинираат класиците од камел капути па до оние од кадифе. Поради топлата, мека текстура и лежерниот крој, ова парче ќе ви биде омилен моден сојузник во текот на целата зима, а најдобар модел е оној во беж или кафена боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ellie Delphine (@slipintostyle)

3. Јакни, палта и блејзери со ремен

Мешавина од некомпатибилното што изгледа толку добро. Преголема пуфкаста јакна и ИТ појас? Еве начини како да освежите класична модна комбинација и да ја направите попривлечна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anouk Yve (@anoukyve)

4. „Shacked“ јакна

Можеби на почетокот не би ги поврзувале овие јакни  со француската мода, но оваа сезона трендот на кошула-јакна ги зафати париските улици, во сите неутрални нијанси. Вистинска класика која може да се носи во секоја сезона.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aïda (@basicstouch)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот