КК Пелистер фаворит на дуелот против Куманово 2009

КК Пелистер се надева дека во иднина вакви инциденти нема да се случуваат/ фото: КФСМ

Вечното дерби МЗТ Скопје Аеродром-Работнички беше отворање на шестото првенствено коло кое ќе биде поделено во „три дела“.

Поради обврските во АБА 2 лигата, нашиот втор претставник, екипата на Пелистер, својот натпревар од ова 6. коло, ќе го одигра денеска против Куманово 2009 во Битола од 18.30 часот.

Според изгледот на табелата, битолските „зелено-бели“ не би требало да имаат сериозни проблеми во обидите да стигнат до уште еден првенствен триумф. Кумановци се далеку од посакуваната форма, во пет кола имаат само еден успех, па вечерашниот дуел ќе биде дополнително оптоварување за „сино-белите“.

„Пелистерци“ пак ќе се обидат да сочуваат дел од енергијата која за некој ден треба да ја пренесат во Осијек, каде ги чекаат два натпревари од „балонот“ во АБА 2 лигата. Вклучително и македонското дерби, против МЗТ Скопје Аеродром, закажано за 10 ноември.

Три натпревари се играат во саботниот термин: ТФТ-Ангели, Кожув – Еуро Никел 2005 и Навико Академија ФМП-МЗТ Скопје Уни Банка. Последниот натпревар е закажан за недела, ќе играат Феникс 2010 и Гостивар. На табелата води МЗТ Скопје Аеродром со 11 бодови, еден повеќе од Пелистер на втората позиција, а Куманово 2009 е на шестата позиција со шест бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот