Керис Даглас со родители - Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс / Фото: Profimedia

Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас не сака да живее во сенката на родителите, па започна значаен проект

Керис Даглас, ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, прави важен чекор во својата кариера – да успее со сопствен труд, а не само благодарение на познатото презиме, пишува „Хола“.

Дваесет и тригодишната уметница дебитира како копродуцентка на оф-Бродвејска театарска претстава, само неколку месеци по дипломирањето на Универзитетот Браун.

Наместо да бара актери, Даглас упати јавен повик до драматурзи да испратат оригинални текстови, од кои избраниот ќе биде поставен на сцена ова лето во Њујорк. Претставата ќе се изведува во пробен простор на еден од водечките оф-Бродвеј театри, а пријавите се отворени до средината на мај.

Иако би можела лесно да се пробие во Холивуд, Керис избра да остане во Њујорк и да работи во експерименталната театарска сцена, заедно со својата пријателка Тениајо-Ола Макаулеј, со која се запознала за време на студиите по филм и меѓународни односи.

Легендарниот Мајкл Даглас со ќерката Керис / Фото: Profimedia

„Пораснав со театарот. Не студирав глума, но токму затоа ми е драго што сум дел од средина во која се учи и создава“, изјави таа во интервју.

Овој чекор не е изненадување ако се има предвид семејната традиција. И двајцата нејзини родители ја започнале кариерата токму на театарската сцена, пред да станат глобални филмски ѕвезди. Зета-Џонс настапувала во „Ени“ (Annie) уште како деветгодишно девојче, додека Даглас ја градел кариерата во театарските центри во САД.

И покрај тоа, родителите отворено зборувале за предизвиците во индустријата.

„Мајкл и јас би биле првите што би им рекле да размислат за друга професија, но ја гледаме нивната страст“, изјавила актерката во едно интервју.

Керис не е единствената од семејството што гради сопствен пат. Нејзиниот брат, Дилан Даглас, води политичка радио-емисија наменета за генерацијата зет и неодамна дебитираше и на филм.

ВИДЕО | Мајкл Даглас одигра улога која требаше да му припадне на Ричард Гир: Едниот ја одби, а другиот стекна светска слава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот