Лисабон, Португалија / Фото: Pexels

Ќе ве воодушеви: Овој португалски град е најевтината дестинација за викенд посета

Британскиот „The Post Office“ веќе 16. година по ред ја истражува понудата на европските градови, кои за вложените пари даваат најдобри туристички услуги. Оваа година, сончевиот Лисабон во Португалија е избран за најисплатлив и најповолен град за продолжен викенд.

Врз основа на својот буџет, секој турист сака да ја добие најдобрата понуда на избраната дестинација. Истражувањето, објавено од тимот на „The Post Office“, се однесува на трошоците за продолжен викенд престој во кој било од европските градови, што вклучува две ноќевања во хотели со три ѕвезди. Трошоците се однесуваат за разгледување на знаменитостите на градот, цената на храната, пијалоците и јавниот превоз.

Лисабон, Португалија / Фото: Pexels/Nextvoyage

Според истражувањата, Лисабон, главниот град на Португалија, е прогласен за најевтино место во Европа.

Цените во португалската престолнина не се под големо влијание на инфлацијата и зголемените трошоци. Тие се пониски во просек за една третина од најскапите европски градови, како што се Париз (Франција), Амстердам (Холандија) и Венеција (Италија).

Барселона (Шпанија) , Лондон (Велика Британија), Рим (Италија), Единбург (Шкотска), Мадрид (Шпанија), Даблин (Ирска) и Берлин (Германија) се, исто така, меѓу најскапите градови во Европа.

Лисабон, Португалија / Фото: Pexels/Giulia calabretta

Лисабон е интересна туристичка дестинација, град сместен во необичен ридски предел со прекрасни погледи. Се смета за еден од најстарите градови во светот, а според легендата се верува дека го основал Одисеј, кој се враќал од Тројанската војна.

Покрај Лисабон, на листата со најевтини градови за туристичка посета се најдоа и Вилнус (Литванија), Краков (Полска), Атина (Грција), Рига (Латвија), Порто (Португалија), Загреб (Хрватска), Будимпешта (Унгарија), Варшава (Полска) и Лил (Франција).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот