Ќе се врати ли Митровиќ во Премиер лигата?
Александар Митровиќ е на чекор од заминување од Ал Хилал, а шпекулациите за неговата следна дестинација се сè погласни. Иако во Саудиска Арабија имаше одлични настапи, доаѓањето на Симоне Инѕаги ја промени неговата улога во тимот и српскиот голгетер сега е многу поблиску до трансфер.
Препорачано
Според најновите информации од Англија, Лидс Јунајтед, кој оваа сезона се врати во Премиер лигата, сериозно размислува да го донесе капитенот на Србија.
Митровиќ има богато искуство во англискиот фудбал, играјќи за Њукасл и Фулам, каде стекна репутација на непопустлив и силен напаѓач. Познатиот новинар Греам Смит, кој го следи Лидс, изјави дека Митровиќ „совршено одговара на профилот на тимот по физички квалитети, иако неговите години и високата плата би можеле да бидат пречка“.
Смит додаде и дека во клубот ова лето зборувале за потребата од „играч што ќе внесе малку провокација и острина на теренот“, опишувајќи го Митровиќ како „голем и тврд центарфор кој може секоја недела да им прави проблеми на одбраните и да постигнува голови“.
Триесетгодишниот напаѓач е најдобар стрелец во историјата на репрезентацијата на Србија со 62 погодоци и во Англија остави силна трага со својата борбеност и ефикасност.


