ФОТО: МИА

Ќе се бара отштета за незаконските откази од Агенцијата за разузнавање во време на Еролд Муслиу

Одлуките на судовите за поранешниот министер за внатрешни работи Наќе Чулев и уште тројца вработени во Агенцијата за разузнавање кои одлучија дека биле незаконски избркани и им биле одземени безбедносните сертификати кога Агенцијата ја водеше Еролд Муслиу, го отвора прашањето за милионски надомест кој ќе треба да им го исплати државата за нематеријална штета поради незаконските откази и повредата на угледот и професионалната репутација.

Чулев утрово објави дека по повеќегодишна битка, судот донел пресуда во негова корист и со тоа се утврдило дека тоа било политички прогон од претходната власт.

Управниот, Граѓанскиот и Врховниот суд ги поништиле решенијата на надлежните органи, вклучително и на Дирекцијата за безбедност и класифицирани информации, која се уште ја води директорот Стојан Славески.

Оштетените најавуваат и поднесување на кривични пријави против одговорните службени лица поради сомнение за злоупотреба на службената положба во АР и ДБКИ.

Чулев доби отказ додека на власт беше СДСМ, а тој беше министер во техничката влада од ВМРО-ДПМНЕ и тогаш обвинуваше дека по 25 години служба во безбедносниот систем тој бил прогласен за безбедносен ризик на државата.

-Тоа беа години на јавно понижување и дискредитација, медиумски конструкции и лажни наративи, како и силен притисок врз моето семејство и моите деца. Човек кој речиси 25 години чесно служел во безбедноста на државата и соработувал со меѓународни партнери, одеднаш беше прогласен за „безбедносен ризик“ – не поради дело, туку поради политичка одлука и затоа што јавно зборував за корупцијата и аномалиите во системот. По долгите судски процеси, судовите утврдија дека одземањето на безбедносниот сертификат и моето отпуштање биле незаконски, дека целата конструкција била неправична и политички мотивирана, а против сторителите е поднесена кривична пријава за злоупотреба на институциите, за која очекувам институциите да постапат, а сторителите да одговараат – напиша Чулев.

Агенција за разузнавање: Чулев нема добиено отказ, туку е суспендиран по решение на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот