„Ќе им бидам кум“: Поранешниот сопруг на Анѓелка Прпиќ проговори за нејзината врска со неговиот најдобар пријател
По веста дека актерката Анѓелка Прпиќ е бремена со дете на најдобриот пријател на нејзиниот поранешен сопруг Дарио Прпиќ, многумина ја очекуваа неговата реакција.
Препорачано
Како што пренесува српскиот медиум „Курир“, кој ја дознал информацијата од неговиот круг на блиски луѓе, Прпиќ мирно ја прифатил веста, но ставил крај на долгогодишното пријателство со Марко Ж.
View this post on Instagram
„Им ја посакувам сета среќа! Ако се венчаат, можам да им бидам кум. Дури и ако Марко посака да го земе моето презиме, немам ништо против“, се пошегувал белградскиот угостител Прпиќ во изјава за „Курир“.
View this post on Instagram
Како потсетување, Анѓелка Прпиќ е во петтиот месец од бременоста, а сегашниот партнер го познава повеќе години. Марко го запознала преку поранешниот сопруг Дарио, а тој им бил и гостин на нивната свадба. Марко раскина со својата девојка во март годинава, по цели 11 години заеднички живот, а се претпоставува дека оттогаш е во врска со Анѓелка.
View this post on Instagram


