Ќе ги испратиме и хеликоптерите „Ми-24“ во Украина?

Фото: АРМ

Македонија е пред одлука да ѝ донира хеликоптери на Украина, која побарала ваква помош од земјава во борбата против агресијата од страна на Русија, „360 степени“ неофицијално дознава дека по советските тенкови и авиони кои ги имаше АРМ и ги испративме во Украина, на сличен начин ќе се ослободуваме и од 12-те воени хеликоптери „Ми-24“.

Ова може да се заклучи од одговорот на Министерството за одбрана, откако министерката Славјанка Петровска во телевизиски настап пред два дена откри дека на владина седница на 14 март била донесена одлука за нова донација за украинската армија. Податокот за последната одлука е класифициран, но според одговорот, донацијата на хеликоптери ќе биде дел од следна одлука за уште една донација што се очекува наскоро, пишува „360 степени“.

„Одлуката од вторникот за воена помош на Украина е податок кој е класифициран. Ве информираме дека во согласност со побарувањата од украинска страна, во тек е изработка на анализа дали може да се одговори позитивно на нивното барање за донација на хеликоптери. При оваа анализа се земаат предвид плановите наведени во Долгорочниот план за развој на одбранбените способности, според кој се предвидува набавка на нови повеќенаменски хеликоптери кои треба да ги заменат постоечките. Согласно планот за модернизација на Армијата, работи Интегриран проектен тим кој е во фаза на евалуација на понуди од различни производители, за набавка на повеќенаменски хеликоптери за потребите на Армијата, но и за цивилна заштита и спасување“, пишува во одговорот на Министерството.

Од друга страна, се очекува и одлука за тоа какви и колку нови хеликоптери од западно производство, компатибилни со стандардите на НАТО, ќе купуваме за потребите на АРМ.

Војната во Украина го празни советското оружје и од македонските армиски магацини

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот