Војната во Украина го празни советското оружје и од македонските армиски магацини

Македонски тенк Т-72 / Фото: mill.mk
Македонски тенк Т-72 / Фото: mill.mk

Војната во Украина беснее повеќе од сто дена, а боиштата во земјата не престануваат да „голтаат” човечки и материјални загуби. За да може Украина да стане отпорна на руската инвазија, западните и европски држави меѓу кои е и Македонија, изминатиов период со голема динамика донираат оружје, храна, воена технологија и медицинска опрема.

Хронолошки гледано досега, последен пример за донирање на борбена технологија и опрема наменета за украинската армија беше регистрирано во соседството. Имено Словенија неодамна ѝ подари на Украина 35 оклопни амфибиски возила БВП М80А, произведени во поранешна СФР Југославија, за кои во договор со САД во периодот што следи треба да добијат средства за компензација за набавка на нова западна опрема за словенечката армија.

Во меѓувреме гледано од македонска перспектива на настаните, нашата држава досега на Украина и донираше големи количини на храна и медицинска опрема. Една од низата донации за Украина беше и онаа на Фондацијата „Заев – Едно општество за сите” каде на почетокот од јуни испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

Но нашата помош кон Украина не прекинува тука. Македонската Влада на седница на почетокот од март се согласи дека ќе донира воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.

„Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина. Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина“, соопштија од Владата.

Во меѓувреме, консултираните безбедносни експерти коментираат дека вонеата помош е добредојдена за Украина а тоа најмногу може да се разбере од македонска страна бидејќи и ние имамве свои немили случувања за време на конфликтот во 2001-та година кога нашите борбени сили се соочија со недостаток на борбена технологија и опрема.

Политички аналитичар Милан Стефаноски

Воено-политичкиот аналитичар Милан Стефаноски вели дека тој лично ја оправдува помошта наменета за Украина кои деновиве и се праќа од државите од регионот бидејќи оваа земја во 2001-та година беше сојузничка со Македонија.

 

 

– Украиницте тогаш и покрај заканите од ембарга за Македонија и доставија за одредена сума неопходна борбена технологија на земјава, авиони, муниција и оружје. А токму украинските оружја ја направија разликата на терен и на боиштата, за Македонија да ја зачува својата целовитост. Токму затоа сега верувам дека е времето кога ние треба да ја возвратиме услугата на Украина и да помогнеме на оваа земја колку можеме кога е најтешко и кога се соочува со агресија од странска држава – вели Стефаноски.

Благоја Марковски

Слично размислува и докторот на воено-политички науки Благоја Марковски. Според него има два аспекти зошто земјите од Европа вклучително и оние од Балканот го подаруваат руското оружје на Украина во овие моменти.

 

 

– Прво што се однесува до донациите во оружје за Украина на земјите од Европа кои порано беа во рамките на Варшавскиот пакт, тоа е добар чекор бидејќи украинската армија може ефикасно да го употреби веднаш зошто тие се обучени за ракување на истото. Кога би им се давало западното во поголеми количини, за истото им е неопходна обука. Иако тоа на прв план се гледа како пософестицирано и напредно во однос на сегашното со кое се бори Русија на фронтовите во Украина, за истото им е неопходна предходна обука но и време за користење кое во овие моменти го немаат  украинските сили – вели Марковски.

Марковски додава дека сите членки на НАТО се ориентираат кон западното оружје и стандардите кои ги наложува Алијанста, па оттаму ослободувањето од советското оружје од нивните магацини е добродојдено.

– Вториот аспект е дека сите членки на НАТО се ориентираат кон западно оружје и стандардите на НАТО и за нив не е посебен проблем да се подари старото руско оружје и опрема за да се надополни со западно затоа што во НАТО и САД најавуваат дека ослобудувањето на поедини членки во Европа ќе биде надокнадено низ разни форми пред се од и појаките земји во смила донации и разна друга соработка. Тука европските земји кои се одлучија да и подарат вакви системи на оружје на Украина ја гедаат можноста да се присобат кон НАТО и западното оружје од друга стана – посочува Марковски.

Што се однесува до Македонија споре воено политичкиот експерт, ние не располагаме со некое посебно оруже кое би можеме да го подариме на Украина.

– Имаме 31 тенк од типот Т-72 кои ги купивме во Украина и тие ни се единствената можност доколку решиме и би можеле да и ги подариме на Украинците под услов Македонија да се преорентира или набави западни оклопни возила односно нови тенкови. Во исто време сакам да истакнам дека таков план засега не постои кај нас. Единствено што можеме да помогнеме а тоа чинам и ќе се случи е да земјава и донира на Украина пешадиско оружје и муниција кое е произведено во Југославија и источниот блок на држави – додава Марковски.

Македонски тенк Т-72 / Фото: mill.mk
Македонски тенк Т-72 / Фото: mill.mk

Инаку министерката за одбрана Славјанка Петровска неодамна по посетата на Вашингтон изјави дека започнати се стратешките разговори со државниот врв во кои се опфатени повеќе сфери, меѓу кои и модернизирање на одбраната.

– САД на МО и АРСМ доделија 40 милиони долари за модернизација на Армијата, процес кој веќе е започнат врз основа на долгорочниот план за развој – посочи министерката за одбрана Петровска при гостување во Утрински брифинг.

Таа додаде дека модернизацијата значи замена на стара воена опрема која главно е од советско и југословенско потекло и надградување и замена со нова и софестицирана западна воена опрема.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот