Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кирјос ќе игра само во двојки на Австралија опен, Вавринка ќе добие вајлд карта

Токму кога сите се надеваа на нов камбек од Ник Кирјос, тенисерот објави на социјалните мрежи дека нема да игра на Австралија опен (18 јануари – 1 февруари 2026 година).

Сепак, тој ќе настапи во двојки заедно со Танасис Кокинакис, со кого го освои овој турнир пред четири години.

– По добар разговор со Австралиската тениска федерација, решив да се фокусирам на двојки оваа година – вели австралискиот тенисер.

Оваа недела, Кирјос играше во Бризбејн за прв пат на официјален турнир од март во Мајами, но беше елиминиран во првото коло од Александар Ковачевиќ (САД).

– Подготвен сум да се вратам на теренот, но пет сета се нешто сосема друго. Сè уште не сум подготвен за таа дистанца. Подобро е мојата покана да оди кај некој друг кој е сега поподготвен од мене – објасни тој за одлуката.

Набргу по оваа одлука, АО ги додели последните три вајлд карти, за поранешниот шампион на турнирот, Швајцарецот Станислас Вавринка, и Австралијците Џордан Томпсон и Крис О`Конел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот