Кипарската Докса го промовираше Шишковски

фото: doxafc.com.cy

Кипарската екипа на Докса Катокопиас денеска го потврди трансферот на македонскиот репрезентативен голман.

Откако му истече договорот со „романтичарите“. Дамјан Шишковски од следната сезона ќе ги брани боите на Докса која игра во најсилната кипарска фудбалска лига.

Докса беше многу блиску до испаѓање во втората лига, но поради пандемијата на коронавирус, тамошната федерација одлучи никој да не испадне, па така и следната сезона екипата ќе биде во елитата.

Во текот на минатата сезона за овој клуб играше Душко Трајчевски кој во првенството запиша 18 натпревари. Шишковски и Трајчевски повторно ќе бидат тимски колеги, откако претходно соработуваа во Работнички.

Чуварот на мрежата досега ги бранеше боите на Работнички, а беше дел уште од Гент, Лахти и РоПС.

На тој начин се зголемува бројот на наши фудбалери на Кипар, за АЕК Ларнака играат Даниел Мојсов, Иван Тричковски, неодамна потпиша Стефан Спировски, во АЕЛ Лимасол е Давор Здравковски, а во Етникос Ахна Бојан Маркоски, Мартин Богатинов и Јован Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот