Кипарската црква и влада во „клинч“ поради избраната песна за Евровизија

Кипарската православна црква и владата јавно се судрија околу песната со која оваа земја ќе се претстави на Евровизија во мај оваа година. Тоа што е самата „срж“ на спорот е самиот назив на песната, кој е непримерен според мислењето на претставниците на црквата.

Песната под називот „El Diablo“, што во превод од шпански значи ѓавол, која ја пее Елена Цагрину е на удар на критики бидејќи зборува за ѓаволот.

Православата црква апелираше владата да ја повлече песната, но владата сепак одлучи да го одбие ова барање. Петицијата против песната дигитално ја потпишале повеќе од 16.000 луѓе.

„Заменете го тој израз со некој друг кој ја одразува нашата вера, традицијата и она за што се залагаме“, објави црквата.

Тимот на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис утринава говореше за „уметничката слобода“.

„Тоа е музичко натпреварување, не сакам да му придавам непотребна димензија“, изјави Викторијас Пападопулос за локалните медиуми.

Во петокот кипарската национална тв мрежа (RIK) прими анонимни закани дека ќе и биде запалено седиштето. Државната телевизија тогаш објасни дека песната не му одава чест на ѓаволот, туку говори за борбата меѓу доброто и злото и младата жена која сака да се ослободи од лошата врска.

„El Diablо“ ги запали страстите на Кипар: Упад и закани во државната телевизија по избор на „сатанистичка песна” за Евросонг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот