Кинескиот биолошки часовник открива кој орган не ви работи добро

Фото: Профимедиа

Кинескиот биолошки часовник покажува интервали во кои енергијата циркулира низ телото, односно на секои 2 часа се чувствува нивото на најголема енергија во некое подрачје. Односно, ако имате проблеми со одреден дел од организмот, во тој дел од денот ќе ги почувствувате симптомите.

Постојат вкупно 12 меридијани од кои секој припаѓа на некој поголем орган, а тие органи зе: бели дробови, дебело црево, желудник, слезина, срце, тенко црево, мочен меур, подрачје околу срцето, бубрези, дванаесетпалачно црево, жолчен меур и црн дроб.

Меридијаните делуваат на 24 часа и се поделени на 12 двочасовни интервали. Поради тоа, докторите во Кина своите пациенти прво ги прашуваат во кој период од денот ги почувствувале симптомите. Врз основа на тој податок, лекарот може да знае што е причина за здравствениот проблем. Следете го својот биолошки часовник и запишете го времето од денот кога ги чувствувате симптомите. Исто така, забележете го времето од денот кога имате најмногу енергија како и во колку часот се будите навечер, што, исто така, може да упатува на проблем во одреден дел од телото.

Во текот на максималната активност, одредениот орган работи со „полна пареа“. Ако почувствувате болки во подрачјето на одреден орган во време кога тој би требало максимално да работи (на пример, во подрачјето на црниот дроб во 2 часот наутро) тоа укажува на можност за постоење проблем со тој орган.

Време на максимална активност на секој орган:

1-3 часот – црн дроб
3-5 часот – бели дробови
5-7 часот – дебело црево
7-9 часот – желудник
9-11 часот – слезина, панкреас
11-13 часот – срце
13-15 часот – тенко црево
15-17 часот – мочен меур
17-19 часот – бубрези
19-21 часот – перикард перикардиум
21-23 часот – дванаесетпалачно црево
23-1 часот – жолчен меур

Време на минимална активност на секој орган – односно одмор на секој орган

1-3 часот – тенко црево
3-5 часот – мочен меур
5-7 часот – бубрези
7-9 часот – перикард
9-11 часот – дванаесетпалачно црево
11-13 часот – жолчен меур
13-15 часот – црн дроб
15-17 часот – бели дробови
17-19 часот – дебело црево
19-21 часот – желудник
21-23 часот – слезина
23- 1 часот – срце

Кинескиот часовник носи и совети што да правите и како да реагирате во одреден дел од денот:

Помеѓу 11 и 13 часот најдобро е да јадете ручек и да се дружите. Уживајте во разговрот со луѓето, поврзете се со нив, соработувајте и нудете помош. Ручекот нека биде балансиран и не премногу заситен.

Помеѓу 13 и 15 часот, кога телото го вари ручекот, најефикасно ќе ги решавате проблемите и ќе бидете организирани.

Помеѓу 15 и 17 часот е најдобро време за учење, корисна работа и пиење чај. Во ова време пијте и вода за детоксикација на организмот.

Помеѓу  17 и 19 часот вечерајте и обновете ја сопствената енергија. Овој дел од денот е посветен на максимална активност на бубрезите во кои се зачувани резервите на енергија.

Помеѓу 19 и 21 часот е времето на максимална активност на перикардот т.е. надворешната обвивка околу срцето која има задача да управува со циркулацијата, мозокот и репродуктивните органи. Токму затоа ова е најдобриот период за дружење, флерт, секс и зачнување дете.

Помеѓу 21 и 23 часот најдобро е да се одморите, опуштите и да читате. Избегнувајте да јадете во овој период.

Помеѓу 23 и 1 часот најдобро е да одите да спиете и да се регенерирате. Ако имате камен во жолчката, постојат најголеми шанси во овој период да почувствувате болка.

Помеѓу  1 и 3 часот црниот дроб максимално раоти, па ако се разбудите во ова време значи дека црниот дроб е преоптоварен со чистење на организмот. Намалете со нездрава храна, пушење, алкохол и останатите штетни работи.

Помеѓу 3 и 5 часот треба цврсто да спиете. Ако кашлате во овој период, тоа значи дека белите дробови ги исфрлаат токсините.

Помеѓу 5 и 7 часот најдобро е да се разбудите. Испијте чаша вода за дебелото црево, кое е најактивно во овој период, да може добро да работи. Исто така, добро е да одите на прошетка и во овој дел од денот најпаметно ви е да го избегнувате кофеинот.

Помеѓу 7 и 9 часот појадувајте. Најдобар избор е овошјето, белковините, јаглехидратите со ниски гликемичен индекс (GI), здрави маснотии и витамини.

Помеѓу 9 и 11 часот бидете активни и работете. Овој период е период на максимална активност на слезината која се поврзува со менталната сила, го зајакнува метаболизмот и е задолжена за претворање на хранливите материи во енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот